Штајнмаер одлучи – избори во септември идната година, Шолц ќе се кандидира за втор мандат
Следните парламентарни избори во Германија ќе се одржат на 28 септември следната 2025 година, соопшти денеска кабинетот на претседателот Франк-Валтер Штајнмаер.
Претседателот Штајнмаер по препорака на Владата официјално го одреди датумот на изборите за Бундестагот, Долниот дом на парламентот. Бундестагот по изборите ќе избира шеф на владата – канцелар.
Канцеларот Олаф Шолц најави дека ќе се кандидира за втор мандат, но неговата партија и нејзината коалиција брзо ја губат популарноста поради постојаните расправии.
Од декември 2021 година, Шолц води трипартиска коалиција на неговите социјалдемократи со Зелените и Слободните демократи.
Минатата недела, нејзините лидери се согласија за деталите за буџетот за 2025 година, неколку недели по постигнувањето на првичниот договор за кој повторно се расправаа, дополнително нарушувајќи го угледот на владата.
Изборите за Европскиот парламент во јуни донесоа мрачни резултати за владејачките партии, со јасна победа за главниот опозициски блок, конзервативната ЦДУ и второто место за екстремно десничарската Алтернатива за Германија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Сиљановска-Давкова се сретна со претставници на македонската…
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на работната…
Полициска акција во Куманово, неофицијално се истражува…
Засилено полициско присуство е забележано утрово на…
Сопственик на фирма за технички преглед на…
Управител на друштво за технички прегледи на…
ДЕСЕТМИНА ПРИВЕДЕНИ ВО СРБИЈА: Осомничени дека со…
Српското Министерство за внатрешни работи спроведе акција…
Трамп не се помирува со поразот: Објави…
Американскиот претседател Доналд Трамп се огласи по…