Штајнмајер нема да му ја честита изборната победа на Путин
Владимир Путин победи на претседателските избори во Русија, што не изненади никого. Германскиот претседател нема да му упати честитки за успехот на „таканаречените’ избори.
Сè друго би било големо изненадување: Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмајер нема да му честита на рускиот претседател Владимир Путин за неговиот нов мандат на функцијата, како што е вообичаено во такви случаи. „Нема да има писмо до Путин“, изјави во неделата вечерта портпаролката на Штајнмајер, Керстин Гамелин, како одговор на прашањето на берлинскиот весник „Тагесшпигел“.
Штајнмајер претходно во изјава објавена на онлајн платформата „Екс“ порача дека на денот на изборите мисли „на луѓето во Русија кои се борат за слобода и демократија и кои живеат во постојана опасност од режимот на Путин“. „Овие храбри луѓе нема да бидат заборавени“, истакна германскиот претседател. Портпаролката на Штајнмајер, Гамелин во неделата во објава на онлајн сервисот „Екс“ говореше за „таканаречени претседателски избори во Русија“.
Во 2018 година, инаку, Штајнмајер му честиташе на Путин за неговиот реизбор. Во писмото до Путин во тоа време, Штајнмајер изрази надеж дека тој ќе го искористи четвртиот мандат за да се „спротивстави на отуѓувањето на нашиот континент и меѓу луѓето во Русија и во Германија“. Дијалогот меѓу двете земји треба да продолжи „во дух на доверба“, порача тогаш германскиот претседател.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Земјотрес ја погоди Албанија
Силен земјотрес ја погоди Албанија вечерва, јави…
Светот може да здивне: Иран официјално објави…
Денес, во порака до нацијата, претседателот на…
Томовски: Претходната влада трошеше недомаќински
Директорот на Службата за општи и заеднички…
Нетанјаху: Остваривме историска победа, му благодарам на…
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека неговата…
Руте: Незамисливо е Русија да нè престигне…
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави…