Штипската болница мета на крадци: Се обиделе да украдат цевка од боца за кислород
Крадци се обиделе да украде бакарна цевка од боца за кислород во гас централата што го снабдува инфективното одделение во Клиничка болница-Штип. Станицата за течен кислород се наоѓа кај модуларната болница, која е одалечена од зградата на Инфективното во кое се лекуваат ковид болните.
Според надлежните од болницата, најверојатно крадецот се исплашил од шуштењето на воздухот па побегнал. Тоа го спречило да направи штета и снабдувањето со кислород за четворицата пациенти на одделението не било доведено во прашање.
Случајот е пријавен во СВР-Штип, информира портпаролот на Клиничка болница-Штип, Марина Шуманска.
Од СВР-Штип велат дека извршен е увид и се уште се трага по сторителот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Скопјанец нападнат од повеќе лица, со убодни…
На 11.06.2024 во СВР Скопје, А.Л.(48) од…
Ноле на штаки: Прва фотографија по операцијата
Новак Ѓоковиќ вчера имаше операција на коленото…
Приведени крадци во Скопје, одземеното пронајдено и…
На 06.05.2024 во периодот од 22.45 до…
Двајца возачи се повредени – излетале од…
Двајца жители на Макеоднија завршија во различни…
Бог да чува: Пациент препратен во Прилеп…
Немало кој да стави катетер на пациент…