Штипската болница оштетена од синоќешното невреме

t

Клиничката болница во Штип денеска ги извести сите болници и здравствени домови во Источниот регион во наредните денови да не ги праќаат пациентите со скршеници или да ги транспортираат на штипското Одделение за ортопедија. Причината е штетата од синоќешното невреме, по кое од силниот ветар кој се движел со брзина од 134 километри на час падна дел од кровната конструкција на Клиничката болница.

– Ве известуваме дека поради вчерашната елементарна непогода е нанесена штета на Одделот за Ортопедија и ортопедска сала при ЈЗУ Клиничка болница Штип. Ве замолуваме во текот на следните денови до санирање на нанесената штета, пациентите со скршеници да не ги испраќате во Клиничка болница Штип бидејќи нема да можат да бидат адекватно третирани. Во следните денови ве замолуваме пациентите да ги препраќате во другите центри со цел да го добијат соодветниот натамошен третман – соопштија од Клиничката болница Штип.

Заменик директорката на Клиничката болница Штип, Билјана Ефтимова, посочи дека 15 до 20 пациенти од ортопедија се хоспитализирани по други одделенија. Утринава во болницата на терен биле проценители, со цел да утврдат колкава е штетата на кровната конструкција за таа побрзо да се санира.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Москва предлага пакт со НАТО

Русија би можела да склучи пактови за…

Ѓорѓиевски: Ја обновуваме жичарата, Скопје повторно ќе…

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска…

Мицкоски: Документ од 2023 година потврдува дека…

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во Тема…

Украина и Русија договорија размена на заробеници,…

Украина и Русија договорија поголема размена на…

Блокот на Ајзенкот го доби првото гласање…

Политичкиот блок предводен од Гади Ајзенкот го…