Штипската болница работи на агрегат – се скинал кабел
Штипската Клиничка болница во моментов се снабдува со струја од агрегат, бидејќи околу 15 часот при изведување на градежните активности на новиот влез на болницата скинат е средно напонски кабел, потврди за МИА вечерва директорот на Клиничка болница-Штип, Владко Захариев. Тој истакна дека пациентите кои се критични и се хоспитализирани во болницата или доколку се потребни итни интервенции на пациенти не се загрозени, бидејќи струја има за апаратите и салите.
-Информирани се сите болници и регионални центри во источниот регион, доколку имаат пациенти кои се критични да се прифаќаат во болницата во Кочани или да се транспортираат во Скопје. Пред половина час пристигна екипа на ЕВН и работи на санација на кабелот, вели Захариев.
Според првичните информации се очекува проблемот со струјата да се реши околу полноќ. Захариев додава дека нема потреба од паника или стравување, бидејќи се приклучени на агрегат и се работи на решавање на проблемот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Омилената докторка на повредените е нова директорка…
Д-р Катерина Паниќ – Мирчовска е нова…
Наместо во благајна, парите завршиле во џеб:…
Основното јавно обвинителство Прилеп донесе Наредба за…
Јавен апел: Сите повредени во пожарот во…
Сите повредени во пожарот кои биле на…
(Видео) Катастрофална слика во битолската болница
Гледачи на Инфомакс до нашата редакција испратија…
Прегазена 68-годишна штипјанка, со тешки повреди пренесена…
Шеесет и осумгодишна штипјанка е тешко повредена…