Штипскиот Универзитет прими над 20 студенти преку Програмата „Еразмус”

t

Над 20 студенти од неколку европски држави преку Еразмус програмата денеска со церемонија беа пречекани на Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД)-Штип. Добредојде им посакаа проректорката за меѓународна соработка проф. д-р Ана Никодиновска Крстевска, студентите, како и дел од канцеларијата за меѓународна соработка при Универзитетот.

Студентите споделија многу интересни приказни, се запознаа меѓусебно и имаа ден за ориентација. Двајца од студентите по вторпат го избрале УГД како место каде ќе ја поминат Еразмус размената.

-По втор пат сум во Штип, на истиот универзитет и навистина имам убаво искуство од овде. Ова е мое трето Еразмус искуство, од кои двете ми се од овој универзитет и едно од универзитет во Шпанија. Македонија е убава земја. Има многу работи што можат да се видат. Универзитетот посветува многу внимание на практичната настава, нешто што недостасува на мојот универзитет во Италија, нагласува Алесандро Лаи, од Сасари Универзитетот од Италија.

Проректорката на УГД, Никодиновска-Крстевска им порача дека во наредниот период УГД ќе биде нивни партнер.

-Се надевам дека ќе поминете добро во наредните неколку месеци овде во Македонија. Ние сме благодарни и почестени што од сите универзитети во Европа, волку голем број на студенти го избрале токму Универзитетот „Гоце Делчев“ , рече Никодиновска- Крстевска

Годинава има студенти од Шпанија, Италија, Полска, Турција и Литванија. Сите се на различни факултети, а УГД прима над 50 студенти годишно преку Еразмус програмата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Уапсен дилер од Штип, пронајдена дрога и…

МВР информира дека вчера по преземени оперативни…

Османи во Штип: Ни се нуди да…

Овие избори не се избори помеѓу различни…

(Фото+видео) Хаос во Штип: Излеана нафта по…

Државен инспектор за животна средина од Одделението…

Чистотата е половина здравје, а ова е…

Чистотата е половина здравје, а ова е…

Инвестиција од преку 300 милиони денари! Министерот…

Изградбата на браната Отиња не е лесен…