Штипјанец кривично пријавен за измама, набавил 2,58 тони сливи и не ги платил
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против Ј.Т. (48) од Штип поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „измама“.
Според информациите од МВР, во јули 2021 година пријавениот измамил едно лице од кое набавил 2,580 тони сливи, но до моментот на пријавувањето не ја извршил исплатата за преземената стока.
Со тоа, според пријавата, Ј.Т. се стекнал со противправна имотна корист во износ од 50.000 денари.
По целосно документирање на случајот, против него е поднесена соодветна кривична пријава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Најавена е директна авиолинија меѓу Скопје и…
„Од почетокот на март следната година, ќе…
Цените на нафтата скокна на 106 долари
Цените на нафтата на меѓународните пазари пораснаа…
Кинески хакер нападна над 100 компании користејќи…
Агенти со вештачка интелигенција (ВИ) од компании…
Мнозинството Американци и Канаѓани сметаат дека Трамп…
Мнозинството граѓани во САД и во Канада…
Ристески: Со намалувањето на ДДВ за горивата…
Заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески…