Штип се гуши – зголемено загадувањето на воздухот во градот под Исарот
Зголемени концентрации на ПМ честички бележи станицата за мерење на квалитетот на воздухот и во Штип. Во иминатите три дена се движат од 70 до 100 микрограми, наместо дозволените 50 на метар кубен. Ова се должи на серија денови со мирен воздух, денови без ветер, што е реткост за Штип.
– Доколку погледнеме наназад имаме 28 надминувања оваа година од 35 дозволени, а имаме уште неколку денови до крајот на годината и се надевам дека Штип ќе остане во законските рамки. Ретки се деновите како што се овие, на мирна атмосфера кога надминуваме и засега сметам дека Штип има најдобар квалитет на воздухот од поголемите урбани средини во државата, изјави Дејан Мираковски, ректор на УГД и раководител на лабораторијата АМБИКОН.
Шведска издвои 2,3 милиони евра за имплементација на проект преку кој со софистицирана опрема на лабораторијата АМБИКОМ се мери квалитетот на амбиенталниот воздух надвор и во затворени простории во 5 општини.
– Се мерат внатрешните концентрации во училиштата и градинките. Во 3 градови завршени се мерењата во зимската сезона, во Струмица, Кавадарци и Куманово, а во моментот мериме во Гостивар. После распустот ќе ни остане уште Струга, за зимската сезона, додаде Мираковски.
Под притисок врз индустријата и промената на начинот на греење во домовите, од 2012-та година па наваму, резултатите од мерењата покажуваат дека опаѓа концентрацијата на ПМ честички во воздухот, но процесот се одвива многу споро и ќе бидат потребни повеќе години за да имаме квалитетен и чист воздух.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
НАРОДНАТА БАНКА НА СРБИЈА ГАРАНТИРА ЗА ПОШТЕНСКА…
Народната банка на Србија (НБС) излезе со…
ДИК усвои заклучок за конечност на резултатите…
Државната изборна комисија (ДИК) попладнево на седница…
ФОКС ЊУЗ: САД РАЗГЛЕДУВААТ НОВИ НАПАДИ ВРЗ…
Соединетите Американски Држави разгледуваат можност за продолжување…
Можни прекини во платежните трансакци викендов поради…
Македонската банкарска асоцијација соопшти дека во текот…
Пирц Мусар: Проширувањето на ЕУ кон Западен…
Проширувањето на Европската Унија кон земјите од…