Штокер: Билатералните прашања не смеат да го одложуваат проширувањето
Самит на лидери од Берлинскиот процес се одржа во Свети Стефан, Црна Гора. На самитот, на кој главниот фокус беше ставен врз побрзата интеграција на Западен Балкан, одекна и силната порака од австрискиот канцелар Кристијан Штокер, кој отворено потенцираше дека билатералните спорови не смеат да се користат како кочница во процесот на проширување.
Дека ставовите на македонската влада за неправедните блокади наидуваат на разбирање кај клучните европски партнери, потврди и прес-конференцијата на лидерите по самитот. Австрискиот канцелар Кристијан Штокер, чија земја го презема следното претседавање со Берлинскиот процес, испрати директна порака која директно кореспондира со македонскиот случај.
„Она што го кажав минатата недела на Европскиот совет во Брисел, со задоволство го повторувам и тука: билатералните прашања не смеат да му наштетат на пристапниот процес. Тие не смеат да го одложуваат овој геополитички толку важен процес“, дециден беше Штокер, додавајќи дека ветувањето од Солун дадено пред 23 години конечно мора да се исполни.
Тој побара итна и постепена интеграција на сите шест држави од Западен Балкан во европскиот внатрешен пазар, укинување на роамингот со ЕУ и вклучување во единствената област за плаќања во евра (СЕПА), за граѓаните веднаш да ги почувствуваат придобивките од Унијата.
„Не може да се објасни зошто шест држави од Западен Балкан би биле во понеповолна положба од Украина или Молдавија“, додаде австрискиот канцелар.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Штокер: Билатералните прашања не смеат да го…
Самит на лидери од Берлинскиот процес се…
Владините веб-страници навремено блокирани по заканите за…
Веб-страниците на владата и на министерствата беа…
Мицкоски: Регионалната соработка и создавањето нови можности…
Премиерот Христијан Мицкоски денеска во рамки…
Унгарија разгледува замена на „Росатом“ во нуклеарниот…
Унгарија разгледува можност руската државна компанија „Росатом“…
Германија го подигна нивото на опасност од…
Германските вооружени сили првпат ја оценија заканата…