Што била работата – Подољак: Ќе преговараме ама не со Путин, туку со следниот руски лидер
Советникот на украинскиот претседател Михаило Подољак денеска на твитер изјави дека Киев никогаш не одбил да преговара со Москва и дека е подготвен за разговори со идниот руски лидер, но не и со Владимир Путин.
Коментарите на Михаило Подољак на Твитер уследија по саботниот извештај на Вашингтон пост дека администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден ги охрабрува украинските лидери да сигнализираат дека се отворени за преговори со Москва, објави Ројтерс.
Украина никогаш не одби да преговара. Нашата преговарачка позиција е позната и отворена – напиша Подољак на својот Твитер профил, порачувајќи дека Русија прво треба да ги повлече своите војници од Украина.
„Дали Путин е подготвен? Очигледно не. Затоа, ние сме конструктивни во нашата проценка: ќе разговараме со следниот руски лидер“, рече Подољак.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ердоган: Турција е единствената што може директно…
Турција е единствената што може директно да…
Вучиќ му честиташе на Орбан за организирањето…
Српскиот претседател Александар Вучиќ разговараше по телефон…
Путин го разреши заменик шефот на неговата…
Рускиот претседател Владимир Путин го разреши Дмитриј…
Зеленски до Трамп: Покажете јасен став и…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски го повика Доналд…
Трамп побара од ЕУ да го притисне…
Американскиот претседател Доналд Трамп побарал од Европската…