Што допре Свето Пивара се исуши: Како со монопол на пазарот на вино Јаневски ги донесе винарите на просјачки стап!

t

Феноменот Свето Јаневски, познат како Свето Пивара, а денес како Свето Тиквеш е на чекор да ги уништи лозарите и винопроизводителите во Македонија.

Oд транзициски бизнисмен кој фрли десетици фирми во стечај или банкрот сега, Јаневски има нова мета.

Голем е списокот на пропаднати фирми, но претходно добро експлоатирани од овој човек кој никогаш не одговараше за транзицијата и за ред други кривични дела.

Успеа да се извлече од процесот Фаланга 2 и шверцот со артефакти, успеа да ја упропасти една од најпознатите франшизи за фаст фуд во светот Мекдоналдс, се повлече од Пивара, па од Белградска пивара, Авто Македонија, хотелите во Охрид, Парк и Десарет се оставени на забот на времето и се грди споменеци на неговата алчност и срам за државата, успеа да ги фрли во стечај винарските визби Винојуг, Визба Валандово, а сериозно е вмешан во пропаѓањето на Повардарие, сите со заеднички производствени капацитет од над 50 милиони литри вино.

Бизнисмените често во ходниците се шегуваат дека име страв да се ракуваат со Свето бидејќи се што ќе допре ќе исуши. Денес неговиот модус операнди му носи 4 милиони евра профит, експлотирајќи ја маката на лозарите.

Најнови жртви кои му носат милиони се лозарите. Јаневски во јавноста се фали дека продал вино и ракија во вредност од 20 милиони евра за половина година, но пари за маката на лозарите кои му го донеле тој профит нема.

На огромен профит од 20 милиони евра, Јаневски, вели дека ќе плати еден денар повеќе од лани за килограм грозје. Само по овој основ, Јаневски спечалил над 80 милиони евра на грбот на вредниот македонски лозар. Во ист момент се фали за профитот, а не сака да плати ниту денар повеќе. Се работи за мизерен и арогантен однос кон оние врз чиј грб дебело профитира.

Информациите говорат дека лани најголем дел од откупеното гројзе неговата винарија го платила не повеќе од 10 денари за килограм, додека истовремено флаша вино од 0,75 мл од неговата винарија се продава за 1000 денари, но не сака да плати 20 денари за килограм грозје.

Во моментов голем број граѓани од Тиквешијата се иселуваат во Германија, а има се помалку има лозови насади заради лошиот и потценувачки однос на Јаневски кон лозарите.

За што станува збор? Хроничен е проблемот на лозарите скоро 30 години, и никој не го решава, а таа целисходна гранка произведува одличен и претпознатлив македонски бренд, а тоа е виното. И додека лозарите мака мачат да преживеат, Јаневски се богати на грбот на македонскиот земјоделец, а неговите 500 вработени се под просечната плата или на минималец.

Виното е квалитетно само затоа што е вредна раката на лозаропроизводителите, а не поради хемијата на винаријата Тиквеш. Да се работеше чесно и со стратегија, можеби откупната цена на евтиното грозје ќе беше и над 25 денари како во Србија. Но, монополот на Тиквеш и Свето практично ја диктираат мизерната цена на откупот со децении наназад, затоа и оваа земјоделска гранка тоне.

За жал секоја власт на Јаневски му прогледува низ прсти…

Едноставно не постои стратегија за оваа благородна гранка, само затоа што винариите мора да остваруваат милионски профити.

За земјоделците нема гарантирана работна рака нема, нема гарантирана цена , нема сортизација на квалитет, има само гол профит за џебот на Свето.

Цените на нафтата, вештачките ѓубрива и работната рака секојдневно расатат, но откупните цени на Тиквеш се на минимум.

Производствената цена со сите поскапувања е 15 денари за смедеревка, а 20 денари за вранец, со тоа практично лозарите бараат само да им се покрие производството, но се користи тактика на намалување на вредноста на цената преку лифтерување на лажни информации и шпекулации за откупна цена по медиумите финансирани од Тиквеш, а потоа вештачки се преговара за некаков компромис кои би требало лозарите да го направат, и тоа е така со години..

Со години Свето Јаневски контролира 80% на пазарот, а нтимонополската комисија исто толку години нема никаква реакција. Неговата доктрина е да ја уништи конкуренцијата и на добар пат е да го направи тоа. Стоби, Сковин и Бовин се следна цел на уништување, а Свето не крие дека иднината била во малите винарии, но и тие ќе бидат следна цел додека не кренат глава.

Кога има монопол, а нема здрава конкуренција, проблемите на лозарите ќе се зголемуваат од година во година.

Затворањето винарии затоа што не сака конкуренција е главна преокупација на Свето, а антимонополската комисија има основ за казни за да го спречи овој пропаст.

Лозарите на Свето му го купија луксузниот замок во Франција и го живее екцентричниот живот на познатиот Гучи, а лозарите гнијат во својата мака и пот.

Има ли барем еден лозар однесено на замокот во Франција и да им покаже како се прави убаво вино?

Лозари исвестете се и обединете се!! Без протести и блокади оваа состојба нема да се промени!

Поддршка за секој еден лозар!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Комити со уште една моќна кореографија…

Вардар денеска против Тиквеш го играше последниот…

Сашо Тасевски ја пофали полицијата: Цело време…

Пишува Сашо Тасевски на Фејсбук: Ајде откри…

Студентскиот дом „Гоце Делчев“ веќе 5 дена…

Универзитетското студентско собрание на УКИМ апелираше до…

ЛУЃЕТО ВО ГАЗА МОЛАТ ЗА ЛЕБ: Половина…

Заменик-директорот на Светската програма за храна на…

(Фото) И Раде Штекли си замина од…

Раде Трајковски – Штекли кој преживеа два…