Објавено на:

Што кажа Путин во новиот руски филм за бомбардирањето на Југославија

t

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека НАТО бомбардирањето на СРЈ во 1999 година е недозволиво.

„Она што го направи Западот е всушност неприфатливо. Тие во основа започнаа војна во центарот на Европа“, рече Путин во документарниот филм „Белград“ снимен од рускиот новинар Андреј Кондрашов за телевизијата „Русија 1“.

Светската премиера на документарниот филм „Белград“ ќе се одржи во Руската куќа на 24 март, точно 25 години откако првите агресорски бомби паднаа на српска територија. Филмот ќе се емитува истиот ден на руската државна телевизија „Русија 1“.

Во филмот учествуваат очевидци и политичари, набљудувачи и директни учесници на тие трагични настани. Филмот го прикажува нивниот однос кон бомбардирањето на Србија, кое се случи пред точно две и пол децении.

За филмот за прв пат по победата на претседателските избори зборува претседателот на Руската Федерација Владимир Путин. Во филмот учествуваат и претседателот на Република Србија Александар Вучиќ, претседателот на Република Српска Милорад Додик, патријархот московски и на цела Русија Кирил, министерот за надворешни работи на Руската Федерација Сергеј Лавров и други.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и СДС продолжуваат со лагите…

СДС продолжува со ширење лажни, паушални и…

Убиен Милош Ѓуричковиќ, кај Цетиње пронајдено тело…

Милош Ѓуричковиќ (56), кого црногорските безбедносни служби…

Биткоинот падна на најниско ниво во последните…

Биткоинот, најголемата криптовалута во светот, падна на…

Поднесено обвинение за насилникот од Битола кој…

Основното јавно обвинителство Битола поднесе Обвинителен предлог…

ЕУ ја спасува Македонија од пластичен отпад…

Европската унија од денеска, 21 ноември, го…