Што му кажа Агелер на Пендаровски? Претседателот и амбасадорката зборувале за следни чекори

t

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Анџела Прајс Агелер, во земјава.

„На средбата беше посочено дека билатералните односи се одвиваат со одлична динамика, согласно долготрајното македонско-американско пријателство, а во духот на стратешкото партнерство и сојузништвото во НАТО. Соговорниците разменија мислења и информации за одвивањето на евроинтегративниот процес и за следните чекори кои треба да бидат преземени во таа насока, како и за состојбите во поширокиот регион во контекст на руската агресија врз Украина“, соопшти кабинетот на претседателот.

Претседателот Пендаровски истакнувајќи дека нашата држава придава особено значење во развојот на односите со САД, изразил уверување дека американската поддршка ќе продолжи и во периодот што претстои, како гарант за мирот, стабилноста и просперитетот на Западниот Балкан.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Блокот на Ајзенкот го доби првото гласање…

Политичкиот блок предводен од Гади Ајзенкот го…

Нафтата поскапе откако Иран порача дека ќе…

Цените на нафтата пораснаа за околу два…

Претставничкиот дом ја блокираше иницијативата за импичмент…

Американскиот Претставнички дом ја запре иницијативата за…

Пораст на измами за сообраќајни прекршоци, МВР…

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста…