Што најмногу слушале Македонците во 2023 година? Лозано рекордер, на листата Гавазова, Тамара, Каролина…
Што најмногу слушале Македонците во изминатата година и кои се десетте најкористени домашни песни во 2023 година, е објавено на официјалната страница на ЗАМП.
Здружението за заштита на авторски музички права (ЗАМП) секоја година објавува листа со десетте најкористени домашни музички дела.
Во изминатата 2023 година, дури четири од десетте најслушани песни се на Влатко Лозаноски – Лозано. Од нив, на прво место како најкористена домашна песна е ,,Километри”, потоа на второто место на листата е ,,Бели цветови” на Каролина, на третото место повторно е песна од Лозано – ,,Јако, јако”, на четврто место е ,,Не сум твој тип” на Дупер, на 5-та позиција е ,,Мајко” на Лозано, на 6-то место ,,Надеж” на Лозано, на седмо место е ,,Севда” на Кирилик, на осмо е ,,Слобода” на Тамара, на деветто е Бум, бум” на Сузана Гавазова,, и на десетто место е ,,Денот што ни носи” на Александра Јанева.
Од ЗАМП ја објавуваат Топ 10 листата со најкористени домашни дела согласно Закон за авторското право и срдоните права.
Инаку, песните на Лозано и во изминатите години беа дел од листите на најкористени домашни дела. Пејачот деновиве е актуелен со нова песна ,,Жолто црвено” во која пее за животот во туѓина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Млада битолчанка со остар предмет го нападнала…
Вчерашната вечер не се покажала како празнична…
Дали има договор меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ…
„Да, бараме“ - вака потпретседателот на ДУИ,…
Шефот за надворешна политика на Бундестагот ја…
Претседателот на Комисијата за надворешни работи на…
Трајко Славески за лошите резултати на учениците:…
Во објава на социјалните мрежи, актуалниот гувернер…
Од сабота „Безбеден град“ и во Велес
„Безбеден град“ од сабота, 12 септември, почнува…