ШТО ПРАВИ МАКЕДОНЕЦОТ ШОРТС! Уште една брутална партија, овој пат против Барселона!
Париз останува најголема сензација во Евролигата оваа сезона, а силата на францускиот шампион вечерва ја почувствува и лидерот во елитното натпреварување Барселона.
На гостувањето во Каталонија, Париз славеше со 103-87 на крилјата на македонскиот репрезентативец Ти Џеј Шортс. Клулна беше последната четвртина која Французите ја добија со 30-17, но и претходно Париз најчесто беше во водство.
Барселона последен пат беше во игра на околу минути пред крајот кога заостануваше само три поени зад Париз (75-78). Следуваше серија од 10-2 за гостите, потоа уште една со 13-0 и Париз на 86 секунди пред крајот водеше со огромни 101-81.
Убедливо најдобар играч на натпреварот беше Ти Џеј Шортс кој за 25 минути постигна 24 поени и 9 асистенции за индекс 36. Париз сега е израмнет со Барселона и уште три екипи на втората позиција на табелата со биланс 7/3.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
За што навистина ја гонат Ива Михајлова:…
Еден загинат, тројца повредени, директен судир на…
Нетанјаху бара нови удари врз Иран пред…
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во изминатите две…
Србија го сруши рекордот: Резервите на злато…
Резеврите на злато, кои се дел од…
Трамп: Премногу далеку отидовме со нападите, веќе…
Американскиот претседател Доналд Трамп, изјави дека Вашингтон…
Американски конгресмен предупредува: Русија или Кина би…
Американскиот конгресмен Ерик Бурлисон предупреди дека САД…