Што се случува? – Доналд Трамп обвинет за државен удар
Доналд Трамп раководел со минатогодишниот напад на Капитол во обид за државен удар, беше кажано на сослушувањето во Конгресот. Републиканката Лиз Чејни, која е потпретседателка на комитетот, кажа дека Трамп го запалил пламенот на нападот.
Приврзаниците на Трамп упаднаа во Конгресот на 6 јануари 2021, кога требаше да се потврди изборната победа на Џо Бајден. По речиси една година истрага, комитетот избран од Претставничкиот дом вчера го одржа првото од предвидените шест сослушувања овој месец. Меѓу снимките кои беа пуштени беше и сведочењето на бившиот јавен обвинител Бил Бар, кој кажа дека тврдењата на Трамп за наместени избори се неосновани, додека Иванка Трамп изјави дека ја отфрла теоријата на заговор на татко ѝ.
„Насилството не беше случајно, тоа беше последниот удар на Трамп. 6 јануари беше кулминација на обидот за државен удар, обидот да се урне владата“, кажа претседателот на комитетот Бени Томпсон.
Пред почетокот на сослушувањето, Трамп ја отфрли истрагата како политичка измама.
„Оние што упаднаа во Капитол и со часови се бореа со претставниците на законот беа мотивирани од она што им го кажа Трамп: дека изборите се украдени и дека тој е вистинскиот претседател. Трамп ја повика и собра толпата и го запали пламенот на нападот“, изјави Чејни.
Четири лица починаа во нападот, вклучувајќи жена која беше застрелана од полицаец. Беа повредени над 100 полицајци, а четворица подоцна извршија самоубиство.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Клековски: Имаме 50 пациенти со западнонилска треска,…
За три лица се чека потврда дали…
Екс премиерот Ковачевски контра Филипче: „Имала среќа…
Поранешниот премиер и актуелен пратеник на СДСМ,…
Пет активни пожари во земјава, огнот зафати…
Во Македонија до 13 часот денеска се…
Цените на нафтата паѓаат трет ден по…
Цените на нафтата продолжија да паѓаат трет…
Секое десетто дете во Македонија било жртва…
Едно од десет деца (10% од децата)…