Објавено на:

Што се случува на фронтот?! Путин одобри евакуација на Херсон!

t

Рускиот претседател Владимир Путин јавно одобри евакуација на цивили од Херсон, објави Би-Би-Си. Киевските сили постојано напредуваат кон стратешкото пристаниште на југот на земјата.

Шефот на руската држава рече дека луѓето што живеат во опасните области треба да си заминат бидејќи „цивилното население не треба да страда“. Најмалку 70.000 луѓе, наводно, веќе се преместени од Херсон, единствениот голем град што Москва го освои откако нејзините војници ја нападнаа Украина во февруари.

Цивилите кои се изложени на ризик од гранатирање и напади мора да бидат „извадени“, рече Путин за време на вчерашната прослава на Денот на единството на Црвениот плоштад во Москва. Киев го обвини Кремљ за насилна депортација на украински цивили – што се смета за воено злосторство, иако Москва тоа го негира.

Руските интензивни ракетни и беспилотни напади врз цивилната инфраструктура низ Украина предизвикаа многу жртви и големи штети и го принудија Киев да воведе полициски час. Официјалниот претставник на Кремљ во областа Керсон, Кирил Стремусов, за руските медиуми изјави дека Москва „најверојатно“ ќе ги повлече своите војници од областа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Повторно евакуиран Ист Гејт Мол

Трговскиот центар „Ист гејт“ повторно евакуиран, овојпат…

Путин најави одговор за влезот на Финска…

Хелсинки немаше „неволји“ со Москва со години,…

Трамп: Бајден со политичкиот прогон врз мене…

Рускиот претседател претходно изјави дека обвинението за…

Њујорк Тајмс: Украинските војници добиваат наредби за…

Украинските маринци, наводно, се фрустрирани поради наредбите…

Путин: Русија ќе спречи какво било странско…

Русија ќе спречи какво било странско мешање…