Што се случува?! Путин за вечерва свика итна седница на државниот врв
Рускиот претседател, Владимир Путин, за вечерва, во 19 часот, свика итен состанок на кој ќе присуствува целото државно раководство.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека Путин во текот на денот ќе одржи состанок на кој ќе се разговара за обидот на Западот да ги искористи настаните на Блискиот Исток за да го подели руското општество.
-Добро е познато и очигледно дека вчерашните настани околу аеродромот во Махачкала во голема мера се резултат на надворешно мешање, вклучувајќи и надворешно информативно влијание, рече Песков.
Поголема група луѓе вчера предизвикаа немири при слетувањето на авионот од Тел Авив, по што аеродромот остана привремено затворен, соопшти Руската Федерална агенција за воздушен транспорт – Росавијација. По инцидентот беа уапсени 60 учесници во немирите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Почина 49-годишен прилепчанец, го удри автомобил додека…
МВР информира дека синоќа околу 21 часот…
Најчевска за Славески: Ги мразам ликовите кои…
Поранешната професорка и граѓанска активистка, Мирјана Најчевска…
Драма на небото над Бугарија: Авион на…
Авион на „Луфтханза“ кој полетал од Франкфурт…
Тие не заслужиле да се изнајми приватен…
Христијан Мицкоски, денеска рече дека владиниот авион…
(Видео) Левица Битола: Шминкерски и неупотребливи проекти…
*Објава на Левица Битола КАТАСТРОФАЛНИ ВЕЛО -…