Што ќе каже на ова нашата Влада? Бугарија објави Декларација во која се вели дека македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот

t

Бугарското Министерство за надворешни работи ја дистрибуираше едностраната Декларација што Република Бугарија денеска ја презентирала на состанокот на Комитетот на постојани претставници (КОРЕПЕР) во Брисел, пренесува БНТ.

Во неа се укажува дека „упатувањето во документите на ЕУ на официјалниот јазик на Република Северна Македонија во никој случај не треба да се толкува како признавање од страна на Република Бугарија на македонскиот јазик“.

Во декларацијата се наведува и дека:

-Бугарскиот литературен јазик има шест регионални писмени норми (кодификации). Три од нив се засновани на дијалекти, а три на литературен бугарски јазик.

-Создавањето на „македонскиот јазик“ во 1944-1945 година во поранешна Југославија беше чин на секундарна кодификација (ре-кодификација) заснована на бугарскиот литературен јазик, дополнително „збогатен“ со локални форми, со што се симулираше „природен“ процес заснован на дијалектна форма.

Декларацијата Бугарија ја презентираше на состанокот на постојаните претставници во Брисел при гласањето за преговарачката рамка за Македонија.

-Со мерки во три документи – Рамка за преговори, заклучоци на Советот и билатерални протоколи – Бугарија утврдува мерки за строго спроведување на Договорот за добрососедство од 2017 година од Скопје, што ЕК ќе го следи, пишува „БНТ“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Министрите за одбрана на Бугарија, Романија и…

Трилатерална средба на министрите за одбрана и…

Јотова одби интервју за Си-Ен-Ен, Ѓуров зборуваше…

Кандидатката за нов претседателски мандат Илијана Јотова…

Радев со застрашувачки изјави: Во вториот круг…

Изборите се многу тревожен сигнал за целото…

Каде исчезнуваат „Бугарите“? Само 352 бугарски државјани…

Само 352 бугарски државјани гласале на седумте…

Тесна разлика во Бугарија: Јотова води пред…

При обработени 98,99 отсто од записниците во…