Што ќе работат работните групи помеѓу Бугарија и Македонија?

t

Работни групи во областите инфраструктурата, економијата, трговијата, иновациите, евроинтеграциите, образование, културата, договориле вчера двајцата премиери, а во нив ќе биде вклучена и Заедничката македонско-бугарска комисија за историски и образовни прашања.

– Со премиерот Петков денеска доминантно разговаравме за воспоставување на работни групи, во областа на инфраструктурата, економијата, трговијата, иновациите, евроинтеграциите и во областа на образованието и културата. Сметаме дека тоа се области кои значат многу повеќе за граѓаните, за нивната иднина за граѓаните од сите возрасти посебно за младите. Тие се направени како меѓуресорски работни групи во кои нема да учествуваат само политичари, туку ќе учествуваат и претставници на секторите за кои се однесуваат, изјави вчера Ковачевски.

Дилеми деновиве се јавија во врска со работата на Комисијата за историски и образовни прашања, со оглед на тоа што Петков во најавата за нови работи групи ја споменуваше и таа за историја, и за тоа дали тоа значи укинување на постојната комисија, паралелна работа на две такви тела или евентуални промени на постоечката, нешто што како можност го најави шефот на дипломатијата Бујар Османи.

Ковачевски вчера истакна дека историската Комисија веќе има свој план за работа и врз основа на тоа што го имаат сработено и историчарите кои се членови на таа комисија, како што рече, ќе треба самите да информираат во однос на тоа што и на кој начин договориле врз основа на методологијата и фактите на кои работат.

– Што се однесува до Историската комисија гледате дека овде нема претставници на историската Комисија. Значи, историчарите работат во еден подолг процес, бидејќи се работи сега и за период во минатото којшто тоа го прават врз основа на методологија и врз основа на дефинирање на одредени факти што ги имаат регулирано согласно со методологијата и јас лично се надевам дека прво, членовите на историската Комисија ќе информираат заеднички за тоа што е договорено и дека тоа што заеднички е договорено ќе биде мост кон иднината, а не враќање кон минатото, вели Ковачевски.

Во однос на работните групи и тоа што е досега постигнато, Петков рече дека за разлика од досегашниот пристап, сега на неделни средби ќе се разговара за реалните можности на сите комисии, вклучително и на историската Комисија.

– Врз база на тоа што и Димитар го кажа, дека ќе се фокусираме на работите кои не зближуваат, а прашањата кои не се разјаснети ќе им дадеме и подолг рок тоа да се случи. Но, важно е да се работи, да се среќаваме и да бидеме во постојана комуникација, изјави Петков.

Тој исто така изрази надеж дека сега, откако историската комисија е една од петте комисии, тие ќе бидат во една многу поинаква средина – во средина на добар дијалог и конструктивна активност.

Шефот на државата Стево Пендаровски вчера во интервју за ТВ 24 нагласи дека петте комисии кои треба формално да се оформат на меѓувладината седница, што треба да се одржи на 25 јануари во Софија, ќе бидат новата методологија за работа, така што де факто нема повеќе план 5+1, кој произлезе по, како што рече, пропаднатиот Лисабонски предлог, и тој е надвор од маса.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ковачевски: Техничката влада е дефинирана со закон,…

 Техничката влада е дефинирана согласно закон и…

СДСМ ЌЕ ИМА СВОЈ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ КАНДИДАТ Ковачевски…

Ковачевски изјави дека на вечерашната седница на…

Ковачевски: Техничката Влада е законска обврска за…

Премиерот и претседател на СДСМ Димитар Ковачевски…

(Видео) Американски топ дипломат го уништи Христијан…

Заменикот на државниот секретар на САД, О'Брајан…

Ковачевски: ДПМНЕ го кочи европскиот пат на…

Одговорноста има име и презиме, тоа е…