Објавено на:

Што ќе се случува во Турција? Израел ги повика своите граѓани да ја напуштат државата!

t

Израел побара од своите граѓани кои се во Турција веднаш да ја напуштат земјата, поради најавени напади врз Израелци во оваа земја.


„Џерусалим пост
” пишува дека Израел „драматично” ја зголемил способноста на своите најмодерни борбени авиони да го нападнат Иран. Дека тоа е навистина така, сугерира и фактот што Израел неодамна интегрираше нова „паметна” бомба во своите Ф-35. Станува збор за оружје од еден тон што може да го носи F-35 во својата внатрешност, а не ги нарушува „стелт” карактеристиките на авионот, што е многу важен факт доколку имате намера незабележано да влезете на непријателска територија.

Дека Израел многу активно се подготвува за потенцијална операција, говори и фактот дека неговите воздухопловни сили во последниот месец изведоа дури четири големи воени вежби над Медитеранот, при што нивните авиони симулираа удари со ракети со долг досег врз цели во Иран.

Во вежбите се симулираше заобиколување на иранските радари и системи за рано откривање и предупредување, како што се оние што ги штитат нивните нуклеарни капацитети.

Иран, од друга страна, отворено им се закани на граѓаните на Израел, како одмазда за убиствата на истакнати членови на иранската национална гарда или научници кои управуваат со нуклеарната програма, што се случија во последните две години.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Израел го обвини Гутереш дека е на…

Израелскиот министер за надворешни работи Ели Коен…

Русија-Египет: Признавање на Палестинската држава ќе значи…

Претседателите на Русија и Египет, Владимир Путин…

Русија: Поплавувањето на Газа би било воено…

Претставникот на Москва во ОН го осуди…

Ќе изгласа ли Советот за безбедност на…

Советот за безбедност на ОН треба да…

САД: Не баpаме војната да заврши затоа…

Заменик-советникот за национална безбедност на САД, Џон…