Штрајкот на ССМ во тек: Работникот се бори за егзистенција, се чувствуваме измамено!

t

Откако преговорите со владините претставници не вродија со плод, ССМ одлучи денеска да излезе на штрајк со кој го изразува незадоволството за немање на линеарно покачување на платите за сите по 2 806 денари и утврдување на регрес во јавниот сектор од 30 до 100 проценти од просечната плата.

Претседателот на ССМ, Дарко Димовски од пред Собранието истакна дека се чувствуваат измамено и изиграно.

-Цела Македонија штрајкува во јавниот сектор, а ССМ бара поддршка од народните избраници за поднесениот амандман за 2.806 денари за сите работници. Тие пари ни се неопходни поради се што се случува, двоцифрена инфлација, ценовни шокови, најавена енергетска криза, покачување на струјата од 10 проценти. Ги повикувам сите народни избраници да дојдат и да му ја дадат поддршката на работникот. Наше право е од сите народни избраници кои нема да го поддржат да побараме оставка, истакна денеска Димовски.

Им порача на пратениците сериозно да си ја сфатат работата, бидејќи како што рече, работникот денеска се бори за егзистенција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…

Досието на Македонија е многу сложено, но…

Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…

Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…

Македонија со седум борачи на Светското првенство…

На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…

ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…

ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…

ЗНМ реагира на заканувачка содржина насочена кон…

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува…