Штрајкуваат новинарите во Грција
Новинарите во Грција, организирани од Грчката федерација на новинарски асоцијации во која учествуваат сите новинарски здруженија, од пет часот утрово започнаа 24-часовен штрајк со што земјата денеска ќе биде без вести и информативни емисии.
Главното барање е потпишување на колективни договори во сите медиумски сектори, односно телевизии, весници, списанија, интернет, радија, но и зголемување на платите, подобрување на условите за работа и обезбедување на сите институционални барања.
Освен колективни договори, вработените во медиумите бараат и: почетна плата од 1.250 евра во сите медиуми; зголемување на платите за 10 отсто врз основа на последните колективни договори за работа; загарантирана плата за работа за време на викендите (плус 25 отсто и слободен ден за сабота и плус 100 проценти во недела); зголемување на надоместокот за испраќање на терен вон градот каде што се наоѓаат; дневници од 350 евра за испраќање во воени зони и 250 евра во подрачја погодени од елементарни непогоди.
Дополнително, меѓу барањата се и вклучени и етичките принципи во договорите, договор за регулатива за тужбите (anti-slapps); обврзувачки правила за вештачка интелигенција во медиумите; заштита на авторските права на новинарите итн.
Во 24-часовниот штрајк освен приватните медиуми учествуваат и државната телевизија ЕРТ и државната новинска агенција АНА-МПА.
Ова е втор штрајк на медиумските работници во Грција за помалку од еден месец, со оглед на тоа што на 18 февруари, истото така 24-часа прекинаа со работа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Грција: Уапсени родители на четиримесечно бебе кое…
Полицијата во грчкиот град Патра, на југот…
Стотици луѓе на улиците во Атина поради…
Стотици луѓе протестираа на улиците во Атина…
Разбиена голема мрежа за даночни измами во…
Грчките власти разбиле голема мрежа за даночни…
Разбиена мрежа за шверц на мигранти во…
Грчката полиција разби наводна мрежа за шверц…
Грција ги забрани социјалните мрежи за деца…
Децата помлади од 15 години во Грција…