Штрајк: Возови нема да има додека не се исполнат барањата за плати
Машинскиот и извршниот персонал на МЖ „Транспорт“ денеска од 13 часот е во штрајк, со целосно блокирање на железничкиот сообраќај низ земјава. Како што изјави за МИА претставникот на машинскиот и извршниот персонал и претседател на Синдикатот на машиновозачи, Тони Димовски, бојкотот е поради неисплатен втор дел од платата за јуни, но и за покачување на коефициентите.
„Бојкотот е и за почнување преговори или одговор за измена и дополнување на систематизацијата, зашто имаме сознанија дека се поделени 230 решенија со покачување на коефициенти на одредени работни места“, истакна Димовски.
Според него, на 2 ноември 2021 година е донесена Одлука согласно која, ако до 25-ти во месецот не биде исплатена во целост платата за претходниот месец, на 26-ти машинскиот и извршниот персонал почнува со бојкот и блокада на железничкиот сообраќај.
„Минатата недела имавме средба со генералниот директор на која ни беше кажано денеска во 10 часот да бидеме во канцераијата кај него. Но, директорот денеска не беше дојден на работното место зашто бил на некаков состанок, дали во Влада или на друго место. Не прими неговиот советник кој не замоли да се стрпиме за плата до 4 август, петок. Ние неколку пати даваме шанса, еве и овој пат помина 26-ти. Им дадовме простор до крајот на месецот, но и до тогаш тие не можат во целост да ја исплатат платата за претходниот месец. Дополнително, и за првиот дел од платата, одбитоците за кредити кои некои колеги ги имаат земено, не се исплатени“, објасни Димовски.
Тој потенцира дека железничкиот сообраќај ќе биде прекинат до исплаќање на вториот дел од платата и додека не се удоволат барањата на машинскиот и извршниот персонал доставени на 3 јули 2023 година.
„Барањата се за покачување на коефициентите и за наредбата од генералниот директор која требаше да важи од 1 јуни. Во периодот со енормно високи температури, наместо да бидеме наградени, ние сме казнети со 10 отсто на квалитет, а ниту еден друг во фирмата не е казнет, дури некои се и наградени. Сите од администрација и од работилница од одржување работат до 13 часот, а некои и воопшто не доаѓаат на своите работни места“, нагласи Димовски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВОЛСТРИТ ЏУРНАЛ: NVIDIA СЕ ПОДГОТВУВА ДА ГО…
Управниот одбор на американскиот технолошки гигант NVIDIA…
Мерц подготвен за разговор со Путин? Договорот…
Разговори меѓу германскиот канцелар Фридрих Мерц и…
АЛ-МАДА: САД ПОДГОТВЕНИ ДА ПРИФАТАТ ЧЕТИРИ ОД…
Соединетите Американски Држави наводно се подготвени да…
Охриѓанец исчезнал од семејниот дом, полицијата трага…
На 10.11.2026 година, во 17:00 часот, во…
Иран отвори прв воен камп за обука…
Иран го отвори својот прв воен камп…