Штрајк во ФЗОМ: Нема исплата на боледувања ниту породилно, рецепти и упати ќе има!

t

Вработените во Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) стапија во штрајк. Сите подрачни единици, како што беше најавено, денеска нема да извршуваат работни задачи, освен оние најитните. Рецепти и упати се издаваат, но нема исплати за надомест за породилно и за исплата на боледување.

Бранко Аџигогов, претседател на Синдикалната организација на ФЗО, додаде дека досега нема пријавено никакви инциденти, ниту проблеми.

-Граѓаните се свесни за ситуацијата во која се наоѓаме, нагласи тој.

Претседателот на Синдикатот на УПОЗ, Трпе Деаноски денеска информира револтот кај вработените е огромен.

-Истрајни се, расположението е да се оди до крај, се додека не се потврди одлуката за платите со декемвриската плата. Бараме само да ни останат платите како што беа со декемвриската. Апелираме до Владата на утрешната седница да отвори точка на дневен ред и да се разгледа ова наше барање, рече денеска Деаноски од пред Фондот за здравство.

Апелира да не се лаже јавноста дека ако се исплатат повисоки плати, нема да има лекови за граѓаните, како што порачале од Министерството за финансии.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Татко си го тепал малото дете, мајката…

На 29.09.2026 во 21:30 часот во ОВР…

Раперот Дон Џони, кој сними спот во…

Косовскиот рапер Дон Џони се огласи по…

Маж приведен на ГП „Блаце“

На 29.09.2026 во 14:15 часот, на Граничниот…

Трамп: Имаме целосна контрола врз Ормускиот теснец

Претседателот на САД Доналд Трамп денес изјави…

Скопскиот аеродром меѓу најбрзорастечките во Европа

Македонија се најде меѓу европските пазари со…