Шукова: Време е јавниот превоз во Скопје да стане решение, а не проблем

t

„Јавниот превоз не смее повеќе да биде проблем за граѓаните, туку мора да се изнајде функционално решение,“ порача кандидатката за Градоначалничка на Скопје, Каја Шукова, во интервју за Радио Слободна Европа.

Шукова нагласи дека во нејзината програма постои конкретен и подготвен проект за воведување на БРТ системот (брз автобуски превоз), кој четири години чека на реализација.
„Проектот е обезбеден, има финансирање, и ако веднаш се распише тендер, во рок од една година може да почне реализацијата,“ истакна таа.

Според неа, БРТ системот ќе биде срцето на новиот еколошки јавен превоз, а паралелно со него ќе се набават 100 нови автобуси кои ќе ги поврзат сите делови на градот.
„Време е граѓаните да почувствуваат дека градот работи за нив, дека јавниот превоз е достапен, еколошки и современ,“ додаде Шукова.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Шукова: Време е јавниот превоз во Скопје…

„Јавниот превоз не смее повеќе да биде…

Синоќа уапсени возачи под дејство на алкохол…

Полицијата во одделни случаи денеска уапси неколку…

Лидерите од Западен Балкан на самит во…

Лидерите од земјите од Западен Балкан, в…

Шукова од Кисела Вода: Имаме решенија загадувањето…

Кандидатката за Градоначалничка на Град Скопје од…

Лукашенко: Тие сакаат да го прекројат светот…

Белорускиот претседател Александар Лукашенко изјави дека е…