Шукова: Време е јавниот превоз во Скопје да стане решение, а не проблем

t

„Јавниот превоз не смее повеќе да биде проблем за граѓаните, туку мора да се изнајде функционално решение,“ порача кандидатката за Градоначалничка на Скопје, Каја Шукова, во интервју за Радио Слободна Европа.

Шукова нагласи дека во нејзината програма постои конкретен и подготвен проект за воведување на БРТ системот (брз автобуски превоз), кој четири години чека на реализација.
„Проектот е обезбеден, има финансирање, и ако веднаш се распише тендер, во рок од една година може да почне реализацијата,“ истакна таа.

Според неа, БРТ системот ќе биде срцето на новиот еколошки јавен превоз, а паралелно со него ќе се набават 100 нови автобуси кои ќе ги поврзат сите делови на градот.
„Време е граѓаните да почувствуваат дека градот работи за нив, дека јавниот превоз е достапен, еколошки и современ,“ додаде Шукова.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЕУ ќе издвои дополнителни 200 милиони евра…

Европската унија ќе обезбеди дополнителни 200 милиони…

Радев ја брани Русија: Дали Европа не…

Бугарија соодветно реагирала на случајот со дронот…

Volkswagen ќе укине 100.000 работни места –…

Германскиот автомобилски гигант Volkswagen ќе укине дополнителни…

Два авиона за малку ќе се судреа…

Пет од десетте контролори на летање кои…

Автомобил и автобус на ЈСП се судриле…

Патничка во скопски градски автобус вчера завршила…