Шукова: Независноста е обврска за иднината, потребни ни се функционални институции и храбри реформи

t

По повод Денот на независноста, потпретседателката на СДСМ и кандидатка за градоначалничка на Град Скопје, Каја Шукова, денеска положи свежо цвеќе на гробовите на претседателите Киро Глигоров и Борис Трајковски, како и на првиот премиер Никола Кљусев.

Во својата изјава, Шукова потсети на храброста на граѓаните кои пред 34 години избраа самостојна и слободна Македонија:
„На Денот на независноста се потсетуваме на храброста со која граѓаните избраа држава што ќе значи правда, достоинство и еднакви можности за сите. Но реалноста не секогаш ја следеше таа визија. Затоа денес, повеќе од кога било, ни треба енергија на граѓанска одговорност, солидарност и отпор кон рамнодушност. Потребни ни се функционални институции и храбри реформи што ќе донесат еднаквост за сите граѓани.“

Шукова истакна дека европската перспектива не е далечна идеја, туку секојдневна борба за подобро образование, чист воздух, сигурни институции и општество по мерка на граѓаните.
„Верувам дека Скопје може да стане симбол на таа нова надеж – град каде што секој ќе се чувствува вреден, заштитен и слушнат,“ додаде таа.

Шукова упати честитки до сите граѓани:
„Нека ни е среќен 8 Септември – Денот на независноста на Република Северна Македонија!“

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ФОТО) Пелени, влошки, па дури и јамболии…

Влажни марамчиња, пелени, хигиенски влошки, па дури…

По пет години пауза, од 1 април…

Македонските патници од 1 април 2027 година…

Авион што летал од Германија за Турција…

Авион на турската авиокомпанија „SunExpress“, кој леташе…

Скопјанец снимен како од камион истура градежен…

50-годишен скопјанец е откриен и казнет откако…

Скопјанец измамил познаничка за 25.000 евра —…

Полицијата вчера уапси скопјанец бидејќи ја измамил…