Шукова: Орце Ѓорѓиевски избега од соочување на кандидатите за градоначалници на Град Скопје
Кандидатката за градоначалничка на Скопје, Каја Шукова информира дека кандидатот на ВМРО ДПМНЕ одбил да учествува на дебата во емисијата „Само Вистина“ – соочување на кандидатите за градоначалници на Град Скопје.
-Во понеделник требаше да се одржи дебата во емисијата „Само Вистина“, соочување на кандидатите за градоначалници на Град Скопје. Јас бев поканета и целосно подготвена да се појавам, затоа што граѓаните заслужуваат отворена расправа за иднината на градот.
Но, емисијата беше откажана затоа што Орце Ѓорѓиевски одби да учествува. Ова е уште еден доказ дека кога треба да се соочи со аргументи, тој избира бегство и изговори.
Јас сум подготвена за дебата, секогаш и секаде. Скопје заслужува транспарентност, а не кандидати кои бегаат од јавна одговорност – напиша Шукова на фејсбук.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Апасиев: Не е хендикеп да си борец…
*Фејсбук статус на Претседателот на Левица, Димитар…
Мециновиќ прифати покана за дебата на Телма…
Амар Мециновиќ, кандидатот за градоначалник на Град…
Дебата Мециновиќ-Ѓорѓиевски во вторник на Канал 5…
Првата дебата меѓу кандидатите за градоначалници на…
Османи: Меџити пет дена бега од дебата…
Според Бујар Османи, дебатата е најважната институција…
Шукова: Орце Ѓорѓиевски избега од соочување на…
Кандидатката за градоначалничка на Скопје, Каја Шукова…