Шукова: Проблемот со водата во Скопје мора системски да се реши, не со привремени зафати
Кандидатката за Градоначалничка на Град Скопје, Каја Шукова, денеска на прес-конференција зборуваше за проблемот со недостиг на вода во повеќе делови од Скопје, особено во повисоките зони. Таа посочи дека загубите на питка вода во системот се алармантни и дека потребен е сериозен, системски пристап.
„Проценките се дека околу 60 проценти од питката вода се губи во системот за водоснабдување. Дел од загубите доаѓаат поради застарената инфраструктура која со години не е одржувана,“ изјави Шукова.
Таа нагласи дека во рамки на проектот за БРТ-системот ќе се отвори дел од главната водоводна линија, при што ќе се направи целосна анализа на состојбата и ќе се преземат конкретни мерки.
„Ќе направиме увид во критичните точки и ќе видиме каде најмногу се губи водата. Имаме снимки и податоци од минатите години, но досега никој не ги спровел на дело,“ рече Шукова.
Што се однесува до техничките загуби, истакна дека постојат и проблем со диви приклучоци и ненаменско користење на водата за пиење.
„Тоа мора да престане. Ќе обезбедиме контрола, санација и модернизација на мрежата – за стабилно и правично снабдување со вода за сите граѓани на Скопје,“ додаде таа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Од 1.670 евра до над 2.150 евра…
Пазарот на недвижности во Европа продолжува да…
Водата во Скопје е безбедна за пиење
Водата во Скопје е квалитетна и безбедна…
Вечерва ќе се спроведе 13-тата дезинсекција против…
Вечерва на подрачјето на градот Скопје, ќе…
Водата во Скопје е исправна за пиење,…
Водата во Скопје е безбедна и ги…
Секторот за компјутерски криминал повика 13 лица…
Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста…