Шукова: Простата математика покажува дека лидер на опозицијата е СДСМ
Продолжуваме со процесот на консолидација на партијата. За нас 2024-та беше тежок изборен циклус, треба време за консолидирање. Критиките деновиве коишто ги слушаме во јавноста, секако оние коишто се добронамерни, само ќе ни помогнат во понатамошна анализа и консолидација како треба да се одвиваат работите во партијата, вели за „Трилинг“ кандидатката за градоначалник на Град Скопје и потпретседателката на СДСМ, Каја Шукова.
Прашана дали СДСМ всушност стана маргинален политички фактор, Шукова вели дека тие како партија се лидери на опозицијата.
-Гласовите на ниво на држава го покажуваат тоа. Се уште имаме најмалку дупло повеќе гласови од Левица којашто се обиде да се прикаже како лидер на опозицијата. Тоа апсолутно не е точно. Простата математика покажува дека лидер на опозицијата е СДСМ. Мислам дека сите анализи и констатации во спротивна насока не се точни – вели Шукова.
Таа додава дека во СДСМ имало првични разговори да се лоцира овој изборен резултат.
-Правиме анализи на ниво на секоја општина – каква беше излезноста на граѓаните, колкав број од граѓаните ни дадоа поддршка. Така што ќе работиме посериозно и овие денови во однос на тоа кои чекори треба понатаму да ги преземеме. Но, јас критиките ги сфаќам во една насока. Тоа е дека партијата треба да остане активна на својот пат. ВМРО-ДПМНЕ има дупло и многу повеќе гласови, но евидентен е нивниот пад и е многу поголем во проценти во однос на нашиот пад на гласовите на овие локални избори – вели Шукова.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Од пеколна жештина до пороен дожд и…
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) издаде метеоаларм…
Гилотина е пронајдена во камион во близина…
Во САД, 35-годишен маж беше уапсен откако…
Комарец бил кобен патник: двајца вработени на…
Двајца работници на аеродромот во Франкфурт, Германија,…
Француски суд утврди дека радиоактивност е причина…
Француски суд за првпат го призна космичко…
Заменик-секретарот за одбрана на САД в четврток…
Високи европски дипломати ќе се обидат утре…