Шукова: Скопјани се гушат од Вардариште а Орце и ДПМНЕ не презамаат ништо, СДСМ има решение
Скопје повторно се гуши.
Дивата депонија Вардардиште пак гори и ги труе скопјани. Еколошка бомба, закана за над 150.000 граѓани од Аеродром, Гази Баба, Кисела Вода но и за цело Скопје. – кажа во денешната прес – конференција, кандидатката за градоначалничка од редовите на СДСМ, Каја Шукова.
Покрај сите наши предупредувања, апели за итна институцинална реакција и нудење конкретно решение. Покрај бурните реакции и протести на граѓаните, власта на ВМРО- ДПМНЕ бесрамно молчи и ништо не превзема!
Како ВМРО-ДПМНЕ да се подбива со граѓаните кои бараат право на живот, на чист воздух и здрава животна средина.
Најголеми виновници за загушеното и задушено Скопје се Мицкоски и неговите градоначалници, Ѓорѓиевски и Арсовска.
Немаат ниту знаење, ниту решение, ниту пак волја нешто да преземат.
Над 150.000 граѓани се трујат 4 години во континуитет поради нив.
Четири години неспособната локална власт на ДПМНЕ не успева да реши една дива депонија што шири зараза и смрт. Ова е врв на неработење, негрижа и криминална рамнодушност!
СДСМ има конкретно и издржано решение за Вардариште:
-Итно оградување и заштита на просторот на Вардариште, со пристап само за комунална хигиена.
-24-часовно физичко обезбедување за превенција од палење на отпадот.
-На подолг рок: изградба на нова претоварна станица по сите европски стандарди и воведување систем за управување со отпадот. Од собирање до селекција и финално депонирање во Дрисла.
Бидејќи Советот на Град Скопје каде мнозинството го има ВМРО-ДПМНЕ исто така молчи, преку советничката група на СДСМ ќе бараме итно свикување на седница на советот на Град Скопје за Вардариште.
Не може советот да биде на страна а скопјани да се гушат, тоа е недозволиво.
Мора службите на градот да добијат задача за итно надминување на проблемот со горење на отпадот во Вардариште.
Скопјани повеќе немаат време за чекање и лажни ветувања на ВМРО-ДПМНЕ.
Скопје бара чист воздух! – апелира Шукова
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Филипче: СДСМ нема да биде алиби за…
СДСМ нема да биде алиби на власта…
Мицкоски: Во секое време сме подготвени да…
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, во вечерашното…
Мицкоски: Намерата на СДСМ за Гостивар не…
Премиерот Христијан Мицкоски го повика Обвинителството да…
СДСМ: Кога Мицкоски ќе појде во Гостивар…
Од СДСМ преку соопштение упатија критики кон…
Савески да постапи по кривичните пријави од…
Поминаа повеќе од пет недели од здравствената…