Шукова ја претстави визијата за Старата скопска чаршија
Кандидатката за градоначалничка на Град Скопје од СДСМ и коалицијата Каја Шукова денеска ја претстави својата визија за Старата скопска чаршија.
Според неа, Чаршијата е душата на Скопје, но, како што рече, е задушена од нечистотија, административен хаос и институционална негрижа.
– Нашиот план е јасен, визијата е да им ја вратиме Чаршијата на скопјани. Имам решение. Секојдневно чистење, нова урбана опрема, јавно осветлување и ви-фи зони, со почит кон автентичниот изглед, изјави Шукова од пред споменикот на Скендербег.
Доколку ја добие довербата од скопјани, вети и поддршка за дуќанџиите и занаетчиите, со буџетски средства за реконструкција на дуќани, правна и финансиска помош и отворени школи на занаетчии и мајсторски работилници.
– Нашата цел е чаршијата конечно да добие еден центар за управување по целосна надлежност на Град Скопје. Без лавиринти меѓу институции, туку ефикасна, брза и транспарентна администрација за сите што живеат и работат таму, истакна Шукова.
Најави и поддршка во културата, односно реновирање на Сули ан, поддршка за студентите по ликовна уметност, отворање на арт атељеа и културни програми.
– Имаме план за развивање дигитална платформа за туристи, јазични обележја, подобрена пешачка инфраструктура и европски културни рути, затоа што Чаршијата мора да привлекува туристи, да живее и да расте. Ова не е уште едно ветување. Ова е визија што ја враќа Чаршијата како живо срце на Град Скопје, бидејќи ние се бориме за нашиот дом, додаде кандидатката за градоначалник од СДСМ и коалицијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Секторот за компјутерски криминал повика 13 лица…
Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста…
Повеќе лица меѓу кои и две жени…
Повеќе лица попладнево се повикани на разговор…
19 годишно момче загина во сообраќајка во…
Попладнево во скопската населба Радишани се случила…
10 години од поплавите во Скопје во…
Скопје денеска одбележува десет години од невремето…
Водата во Скопје е квалитетна и безбедна…
ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје соопшти…