Шумски пожари и рекордно високи температури во Шпанија
Во Шпанија, погодена од невообичаен топлотен бран за сезоната, пожарникари се обидуваат да стават под контрола неколку шумски пожари. Ситуацијата е комплицирана од сушата, речиси рекордно високите температури и ветерот.
Температури од 40 до 42 степени се очекуваат денеска во Сарагоса, во североисточниот дел на земјата, во Навара и во регионот Ла Риоха на север, соопштија синоптичарите. Ова се највисоките температури во последните децении за овој период, пред почетокот на астрономското лето.
Најпогодени од шумските пожари се областа на градот Замора, во близина на границата со Португалија, и Каталонија во источниот дел на земјата. Нема информации за жртви. Регионалната влада на Кастилја и Леон, провинцијата во која се наоѓа Замора, соопшти дека горат речиси 20.000 хектари во Сиера де ла Кулебра. Во Каталонија пожарникарите се обидуваат да го локализираат пожарот во Балдомар, но нивната работа е комплицирана од жештините и силниот јужен ветер. Во Толедо, југозападно од Мадрид, повеќе од 3.000 луѓе беа евакуирани од тематски парк поради шумските пожари кои се приближија до паркот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Шпанија прогласи вонредна состојба по прекинот на…
Шпанското Министерство за внатрешни работи денеска прогласи…
Жена во Шпанија ја продала новородената ќерка…
Шпанската полиција уапси 37-годишна жена која ја…
Шпанија нуди решение за проблемите на ЕУ…
Еден од лостовите што му помогна на…
Шпанската полиција разби синџир на трговија со…
Шпанската полиција разби синџир на трговија со…
(Видео) Силно торнадо опустоши шпански град, жителка…
Силно торнадо уништи живописна улица во Позо…