Објавено на:

Шкупи загуби на првиот меч со Левски

t

Фудбалерите на Шкупи го загубија првиот меч од двомечот со Левски (0-2), во рамките на второто коло на квалификациите за Конференциската лига на УЕФА. Средбата на Националната арена „Тодор Проески“ понуди по еден гол во двете полувремиња, меѓутоа и „чаирчани“ имаа свои шанси кои не ги искористија. На реваншот момците од Чаир ќе мора да бидат многу подобри ако сакаат да го продолжат европскиот пат. 

Тренерот Чихат Арслан тргна офанзивно против Левски, со само една измена во тимот во однос на мечот со Хегелман. Шанса од првата минута доби бразилскиот офанзивец Дуду на сметка на Трапановски. Токму Дуду уште во воведниот период од мечот имаше колосална шанса за која Шкупи може да жали. Стоперот на Левски, Димитров, врати топка до голманот Андреев кој беше невнимателен и ја загуби. Дуду ја одзеде и имаше празен гол, меѓутоа биеше откосо со левата нога високо над голот. 

Се играше главно на средината на теренот во следниот период, двете екипи се обидуваа да изградат можности, а за нијанса поконкретен беше Шкупи. Сепак, казната за промашувањето на спротивната страна дојде во 31. минута. Проработе бразилската врска во нападот на Левски, па Рикардињо се ослободи од чуварот и му сервира топка на Велтон Фелипе кој погоди за 0-1. Во финишот на полувремето, Шкупи беше на работ да постигне погодок. По една контра, Реналдо Цефас го лобува противничкиот голман, меѓутоа следеше реакција буквално од гол линијата и спас за Левски. 

Во продолжението прв по клупата посегна Арслан, уфрлајќи ги Рамани и Трапановски наместо Тимовски и Хамиди. Сепак, бугарскиот тим успеа во својата намера и го умртви ритамот на игра. Со многу додавања на средината, прекини и цепкање во играта, темпото падна. Шкупи се обиде да се наметне, меѓутоа безуспешно. Конечниот резултат беше поставен во четвртата минута од судиското продолжение, по еден корнер резервистот Роналдо остана осамен на петерецот и ја смести топката во мрежата за 0-2. 

Шкупи на реваншот во Софија за седум дена ќе брка два гола негатива. Возвратниот меч следниот четврток се игра во терминот од 19:00 часот.

Извор: Гол.мк

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Шкупи го доби скопското дерби со Вардар…

Шкупи ги потврди шампионските амбиции и во оваа…

(Видео) “Не, не се фашисти”: Навивачите на…

Нов напад на споменикот на советската армија…

Бугарските доктори потврдија оти македонските “не знаеја”:…

Состојбата на бугарскиот државјанин Драгомир Андонов кој…

Мајката на 29-годишниот прободен навивач од Бугарија:…

29-годишниот Драгомир е момчето кое беше повредено,…

Кривична пријава против четири лица поради нападот…

Полициски службеници од Единицата за насилен криминал…