Шушњар: Хрватска е подготвена да ја купи српската нафтена компанија НИС
Хрватска е подготвена да ја купи српската нафтена компанија НИС, изјави хрватскиот министер за економија Анте Шушњар, пренесе регионалната телевизија Н1.
– Нашата рака е подадена – ако тоа е решението, подготвени сме за тој чекор, рече Шушњар пред новинарите, коментирајќи ги американските санкции против НИС што стапија денеска во сила.
Тој нагласи дека целта на оваа иницијатива е да се обезбеди континуитет и заштита на деловните интереси на Јадранскиот нафтовод (ЈАНАФ), кој со НИС соработува веќе 40 години, „без никакви аспирации за доминација на малопродажниот пазар во Србија“.
– Тоа би било од корист и за нас и за Србија, додаде хрватскиот министер.
Шушњар потсети дека единствената српска рафинерија, во Панчево, обезбедува околу 20 проценти од нафтените деривати на пазарот во Босна и Херцеговина, што е дополнителен предизвик за регионот.
– До крајот на месецот очекуваме модернизацијата на рафинеријата во Риека да биде завршена, со што ќе се зголемат капацитетите и ќе можеме да помогнеме на Босна и Херцеговина, а делумно и на Србија, рече Шушњар.
Тој додаде дека Хрватска е подготвена да испорача доволни количества нафта и на Унгарија, Словачка и Србија кога тоа ќе го дозволат условите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Цените на недвижностите во Хрватска пораснаа 12,7…
Цените на станбените објекти во Хрватска продолжиле…
Америка ја продолжи лиценцата за НИС до…
Канцеларијата за контрола на странски средства при…
Падна мал авион кај Винковци, пилотот почина
Мал авион денеска претпладне се урна во…
Хрватска го засилува притисокот врз Црна Гора…
Хрватска врши притисок врз кандидатурата на Црна…
Хрватска субвенционира купување автомобили за семејства со…
Иван Шипиќ, министерот за демографија и имиграција,…