Ѓоковиќ бил на допинг-контрола пред мечот со Нори: Ова не ми се случило повеќе од 20 години!
Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ ѝ помогна на Србија да се пласира во полуфиналето на Дејвис Купот, откако славеше против Камерон Нори со 2-0 во сетови.
Ѓоковиќ на прес-конференцијата кажа дека доживеал непријатно искуство пред натпреварот против Нори.
„Уште немав целосна допинг-контрола, треба да дадам крв. Имав караница со луѓето од антидопинг агенцијата. Не верував дека донеле таква одлука, за повеќе од 20 години никогаш не ми се случило на час и половина пред натпревар да ме тестираат. Јас имам свои рутини, ми треба мир, а не да ми земаат крв. Поддржувам да се тестираме сите, но ова беше нелогична одлука на агенцијата“, вели Ѓоковиќ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Израелскиот претседател му го довери мандатот на…
Израелскиот претседател Исак Херцог денеска му го…
Отпорноста на бактериите на антибиотици е сè…
Отпорноста на бактериите на антибиотици, која во…
Ердоган разговараше со Трамп: Турција ќе продолжи…
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во телефонски…
Малолетник нападнат во училиште, соученик го удирал…
На 06.11.2026 во 17:45 часот во СВР…
Иран и Русија планираат изградба на гасовод…
Иран планира во соработка со Русија да…