Ѓоковиќ го откажа настапот во Торонто: Уморен сум!
Постои пауза од околу три недели по завршувањето на Вимблдон и почетокот на северноамериканските големи турнири, кои кулминираат со Ју-Ес опен на крајот на август и почетокот на септември, но очигледно тоа не му е доволно за одмор на Новак Ѓоковиќ.
Српскиот тенисер откри дека нема да настапи на канадскиот мастерс, кој се одржува во Монтреал или во Торонто, наизменично секоја година. Овој пат е предвиден во периодо од 7 до 13 август, а тој нема да го посети Торонто, затоа што чувствувал замор, па добил совети од тимот да паузира.
„Отсекогаш сум уживал во Канада, но по разговорот со мојот тим заклучивме дека вистинската одлука е да го прескокнам овој турнир“, се изјасни Ѓоковиќ.
Тој имаше напорен настап на Вимблдон, кој заврши пред само осум дена со маратонско финале од четири и пол часа, кое го загуби од Карлос Алкарас во пет сета. Канадскиот мастерс го има освоено четири пати во кариерата (2007, 2011, 2012 и 2016), па веројатно ќе ја прескокне оваа шанса за петти трофеј, со цел да се подготвува за Ју-Ес опен и можеби за мастерсот во Синсинати, кој се одржува веднаш по Торонто, а пред грен-слемот во Њујорк, чиј старт е на 28 август.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВОЛСТРИТ ЏУРНАЛ: NVIDIA СЕ ПОДГОТВУВА ДА ГО…
Управниот одбор на американскиот технолошки гигант NVIDIA…
Мерц подготвен за разговор со Путин? Договорот…
Разговори меѓу германскиот канцелар Фридрих Мерц и…
АЛ-МАДА: САД ПОДГОТВЕНИ ДА ПРИФАТАТ ЧЕТИРИ ОД…
Соединетите Американски Држави наводно се подготвени да…
Охриѓанец исчезнал од семејниот дом, полицијата трага…
На 10.11.2026 година, во 17:00 часот, во…
Иран отвори прв воен камп за обука…
Иран го отвори својот прв воен камп…