Објавено на:

„Ѓоковиќ е себичен“: Новак сакаше да му помогне, а за возврат доби „нoж во грб“

t

Жоао Соуза, португалски тенисер, го критикуваше Новак Ѓоковиќ дека невакциниран дошол на Австралија Опен, само неколку месеци откако тој посочи колку Новак направил и се обидел да направи за него и за другите тенисери.
Соуза моментално е 137. играч на планетата и никого не обвинува за својата позиција, но се лути поради тоа што иако е професионален тенисер не може да заработи доволно за својот живот.
„Видете, пред неколку дена разговарав со челниците на АТП и им кажав дека е незамисливо денес играч кој е 200-ти во светот да не може да живее од тенис. Сега 200тиот. на АТП листата лесно може да го победи 60тиот тенисер во светот“, објасни Соуза на крајот од минатата година.

Тој го посочи проблемот со финансиите и потсети на идејата на Новак Ѓоковиќ, која тој ја поддржа.

АТП ги суспендираше акциите за време на пандемијата, а иницијативата на Ѓоковиќ беше најдобрите тенисери да донираат меѓу пет и десет илјади долари во фондот за послабо рангирани играчи.
„Тоа е идеја која дојде од Ѓоковиќ, кој тогаш беше лидер во советот на играчи на АТП. Добра идеја е, што се однесува до мене, подготвен сум да си помогнам“, изјави Соуза, кој беше 28-ми рекет во светот во 2016 година.
Сепак, Соуза брзо заборави како Новак сакаше да му помогне, па непосредно пред почетокот на Австралија опен го критикуваше српскиот тенисер.
„Го почитувам тоа што се бори за она во што верува и можам да сочувствувам со него за она што го преживеа во Австралија, но себично е од негова страна, бидејќи тој дојде овде како единствен невакциниран играч. Нам играчите ни е тешко да го прифатиме тоа“, изјави Соуза во Австралија и додаде:
„Многу играчи, но не јас, не сакаа да се вакцинираат, но тоа го правеа за да играат на турнири. Тој најде начин да ги заобиколи тие правила.
Во моментов тројца играчи од Топ 100 на АТП ранг листата не се вакцинирани. Покрај Новак, потврдено е дека еден од нив е и Американецот Тенис Сандгрен, додека не се знае кој е третиот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ѓоковиќ против Синер за најголемата награда во…

Новак Ѓоковиќ и Јаник Синер вечерва ќе…

Ѓоковиќ: Едвај се спасив – ме давеше…

Најдобриот тенисер на планетата, Новак Ѓоковиќ, се…

Ѓоковиќ лесно до осминафиналето на Мастерсот во…

Првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ вечерва го…

Српскиот патријарх ги крстеше децата на Новак…

Фотографиите на социјалните мрежи ги објави протосингелот…

Надал: Федерер го достигна највисокото ниво, но…

Тони Надал беше составен дел од огромен…