Објавено на:

Ѓоковиќ избегна депортација: Останува во Австралија до понеделник

t

Во понеделник ќе се знае дали српскиот тенисер, Новак Ѓоковиќ ќе може да влезе во Австралија и да учествува на првиот грем слем оваа сезона.

Според најновите информации, судот во Викторија конечната одлука ќе ја донесе во понеделник во 10 часот по локално време, односно околу полноќ по средноевропско време.

Министерката за внатрешни работи, Керен Ендрјуз нема да се противи на привремената забрана за депортација и Ѓоковиќ пресудата би требало да ја дознае во Австралија, каде цело време треба да биде во карантин.

Ѓоковиќ се најде пред Федералниот суд во Австралија откако неговиот тим на адвокати поднесе жалба на одлуката да му се забрани влез во оваа држава.

Тој по одлуката да му се забрани влез во Австралија сместен е во хотел, каде го чека расплетот на ситуацијата. Пред хотелот се собраа навивачи за да му пружат поддршка и да му порачаа дека не е сам во оваа борба.

Српскиот тенисер завчера полета кон Австралија со надеж дека ќе добие дозвола за влез во земјата и покрај тоа што не е вакциниран. Тој се повика на медицинска потврда за ослободување од вакцинација, но очигледно тоа не му помогна да игра на Грен слемот во Мелбурн.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Австралија не разговара со ЕУ за придружно…

Австралиската влада реагираше за Euronews на најавата…

Мецола: Австралија и Нов Зеланд може да…

Земји како Австралија и Нов Зеланд би…

„Антропик“ отвора дата-центар во Австралија, ќе биде…

Гигантот во областа на вештачката интелигенција „Антропик“…

Два авиона за малку ќе се судреа…

Пет од десетте контролори на летање кои…

Македонка во Австралија ја уби 85 годишната…

Македонката Милена Богојевска (51) е осудена во…