Ѓоковиќ: Имав 4 години кога го видов Пит Сампрас како го освои својот прв Вимблдон, оттогаш играм тенис
Новак Ѓоковиќ ја коментираше победата на Вимблдон. Титулата ја освои четврти пат по ред и вкупно седма.
Не можам да опишам што значи овој трофеј за мене, мојот тим и семејството. Многупати сум кажал дека Вимблдон секогаш ќе биде најспецијалниот турнир за мене. Токму овој Грен слем ме инспирираше да почнам да играм тенис во мало планинско одморалиште каде моите родители имаа ресторан. Имав четири и пол години кога го видов Пит Сампрас како го освои својот прв Вимблдон во 1992 година. И ги замолив моите родители да ми купат рекет. Мојата прва слика за тенисот е трева. И секогаш сонував да дојдам овде и само да играм на овој терен. А потоа, секако, да го оствариме детскиот сон и да го освоиме овој трофеј. Секоја победа е се повредна и посебна за мене. Тоа е огромна среќа, истакна српскиот тенисер.
Новак Ѓоковиќ ја освои 21-та Грен слем титула и го мина Роџер Федерер (Швајцарија) кој остана на 20. Најмногу има Шпанецот Рафаел Надал – 22.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Албанскиот министер за надворешни, Ферит Хоџа, за…
Премиерот Еди Рама нема да си поднесе…
„Волстрит журнал“: Носачот „Џорџ Вашингтон“ се вооружува…
Американските воени сили на Блискиот Исток се…
ЗАПОЧНУВА ЗИМСКОТО СМЕТАЊЕ НА ВРЕМЕТО: Ноќва се…
Вечерва започнува зимското сметање на времето. Преминот…
Фалсификувани 98.500 евра во поставата на јакната…
Деветнаесетгодишниот македонски државјанин Хамза Дарлишта останува во…
Гостиварец со ,,Волво” удрил мечка на автопатот…
На 23.10.2026 околу 22:15 часот во СВР…