Објавено на:

Ѓоковиќ има само една шанса да си ја врати кариерата

t

Што ќе биде со сезоната на Новак Ѓоковиќ е единственото прашање што остана по агонијата што ја преживеа во Австралија, која заврши со депортација и најавената забрана за влез на континентот во следните три години. Медиумите шпекулираат дека негова единствена опција е Вимблдон.
Ѓоковиќ отпатува во Австралија како невакциниран против коронавирусот, со медицинско ослободување и загарантирана виза, но оттаму се врати со наметнатиот епитет икона против вакцина и сомнеж за развојот на настаните во сезоната.
Ѓоковиќ има една цел и тоа е кристално јасно – му недостига уште еден грен слем трофеј за да стане рекордер и апсолутен најдобар тенисер на сите времиња, но прашање е дали ќе успее да го постигне тоа во сезоната.
„Ако ве депортираат од Австралија, тоа значи дека навистина не можете да влезете ниту во Америка“, вели аналитичарката на „Еуроспорт“, Барбара Шет.
Алузијата на Америка е јасна, тоа е УС Опен, последниот Грен слем турнир што Новак не успеа да го освои претходните два наврати – првпат беше дисквалификуван поради фамозната ситуација со линискиот судија, а минатата година тој во финалето беше поразен од Данило Медведев.
Повеќе од значајни беа информациите кои се појавија среде драмата во Австралија во Франција и велат дека Ѓоковиќ ќе може да учествува на Ролан Гарос, иако не е вакциниран против корона вирусот, но …

На денот кога Ѓоковиќ се врати во Белград, по депортацијата, пристигна демант со наведена обврска за вакцинирање за сите професионални спортисти од странство кои сакаат да се натпреваруваат на француска почва.
Единствената надеж засега на Ѓоковиќ е Вимблдон, неговиот омилен турнир и најпрестижното натпреварување во светот на тенисот, поради правилата за вакцинација кои постојат во Велика Британија.
Велат дека нема задолжителна вакцинација, само тестирање и карантин, што се чини е принцип кој ќе остане на сила бидејќи не е сигурно дека британскиот премиер Борис Џонсон ќе посегне по драстични мерки, само затоа што може да предизвика поделби и проблеми во општеството..
„Вимблдон изгледа е последната шанса на Ѓоковиќ“; имаше наслови во британските медиуми и, очигледно, тоа е точно, велиме засега, бидејќи ако се има предвид дека Австралија ги коригираше своите правила во времето кога Новак беше во авионот, ништо не може да се каже со сигурност.

Единствено е сигурно, како и да се одвива ситуацијата, Ѓоковиќ нема да се откаже од својата цел – освојување на 21. Грен слем трофеј и потврдување на статусот најдобар тенисер на сите времиња, кој веќе заслужува многу параметри.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Како одговор на Ѓоковиќ „Голема Албанија“ на…

„Фејсбук“ профилот на Асоцијацијата на тениски професионалци…

Ѓоковиќ против Синер за најголемата награда во…

Новак Ѓоковиќ и Јаник Синер вечерва ќе…

Ѓоковиќ: Едвај се спасив – ме давеше…

Најдобриот тенисер на планетата, Новак Ѓоковиќ, се…

Ѓоковиќ лесно до осминафиналето на Мастерсот во…

Првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ вечерва го…

Калин Ивановски повторно со најдобар ранг на…

Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски повторно го…