Ѓоковиќ од Мелбурн: Сè уште чувствувам глад, сакам да го освојам турнирот и да испишам историја!

t

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ обезбеди четвртфинале на Австралијан опен и го чека дуел со Русинот Андреј Рубљов, а на прес-конференцијата за новинарите кажа дека сè уште чувствува глад за победи.

Ѓоковиќ посочи дека сака да го освои Австралијан опен и така да испише историја, а воедно и да се израмни со Рафаел Надал по број на гренслем-титули.

„Сè уште чувствувам глад и поради тоа играм тенис. Јас почнав да играм тенис затоа што тоа беше игра, а потоа почнав да сонувам титула на Вимблдон. И понатаму постои таа искра во мене. Знам дека тоа им пречи на многумина, дека не сум скромен, но секој професионален спортист сака да биде најдобар. Сакам да освојам турнир, да испишам историја, за себе и својот народ“, кажа Ѓоковиќ.

Извор: sport1.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Босанец (29) со нож и пиштол им…

Италијанските медиуми пренесуваат дека во Рим е…

Млад фудбалер загина во сообраќајна несреќа

Трагична вест го потресе Тетово. Во раните…

Андоновски: Со м.Услуги личната карта и возачката…

Мобилната апликација м.Услуги е подготвена и е…

Експлозија во уште едно складиште за оружје…

Силна експлозија предизвика пожар во магацин за…

Невреме зафати повеќе делови од Македонија, има…

Нестабилното време постепено зафаќа повеќе делови од…