Ѓоковиќ по освојувањето на рекордната 24 Грен слем титула: Ова не можев ни да го сонувам!

t

По освојувањето на УС Опен, Новак Ѓоковиќ, најдобриот тенисер на сите времиња, им се заблагодари на своите луѓе кои му помогнаа на патот уште еднаш да испише историја и го потсети на трнливиот пат по кој тргнал.
Совладувајќи го Данил Медведев со 6:3, 7:6 (7:5), 6:3, Ѓоковиќ ја освои својата четврта титула на УС Опен и 24. Грен слем титула во севкупно.


– „Не знам од каде да почнам, ова ми значи се“. Се повторувам, но морам да кажам дека го живеам мојот детски сон, да се натпреварувам на највисоко ниво во спорт кој толку многу ми даде мене и моето семејство. Поминавме низ многу, две војни во деведесетите, моите родители се жртвуваа многу, ве сакам. Ме поддржаа да играм многу скап спорт кој не беше достапен, но јас се заљубив во тенисот, иако никој од моето семејство не го играше. Вербата на моите родители сите овие години, на мојата сопруга и децата, мојот тим – ова е твој трофеј колку што е и мој, ве сакам“, изјави Ѓоковиќ.

– „Посебно е да се пишува историјата на овој спорт, во секоја смисла на зборот. Тешко е да се опише со зборови. Кога имав седум или осум години, мислев и сакав да го освојам Вимблдон и да бидам број еден. После тоа почнав да сонувам нови соништа, но не ни помислував дека е можно да бидам тука и да зборувам за 24. Грен слем. Чувствував дека имам шанса за историја во последниве години и зошто да не ја зграпчам кога ќе дојде?“


Потоа му се обрати на Медведев, кој претходно кажа многу убави зборови за Новак.
„Честитки на Данил за одличниот турнир и честитки за годишнината на вашата сопруга“. Данил е неверојатно добар кон мене и мојот тим, а исто така и неговиот тим. Убаво е да се види еволуцијата на вашиот однос со тренерот (Џило Сервар), без сомнение ќе освоите уште титули. Ја имате најавтентичната личност, никогаш не се менувајте – ниту вашите изјави, ниту вашите прослави“, заклучи Новак.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Како одговор на Ѓоковиќ „Голема Албанија“ на…

„Фејсбук“ профилот на Асоцијацијата на тениски професионалци…

Ѓоковиќ против Синер за најголемата награда во…

Новак Ѓоковиќ и Јаник Синер вечерва ќе…

Ѓоковиќ: Едвај се спасив – ме давеше…

Најдобриот тенисер на планетата, Новак Ѓоковиќ, се…

Ѓоковиќ лесно до осминафиналето на Мастерсот во…

Првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ вечерва го…

Калин Ивановски повторно со најдобар ранг на…

Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски повторно го…