Објавено на:

Ѓоковиќ: Според околностите ова е најголемата победа во мојот живот

t

По победата на Австралија опен, Новак Ѓоковиќ, изјави дека 10. победа на Грен-слемот во Мелбурн има огромно значење за него.

Морам да кажам дека ова беше еден од најтешките турнири во мојот живот. Не играв минатата година и се вратив оваа. Сакам да им се заблагодарам на сите што ме примија, ми направија да се чувствувам удобно во Мелбурн и Австралија. Само мојот тим и семејството знаат низ што минавме во последните четири или пет недели. И би рекол дека, со оглед на околностите, ова е најголемата победа во мојот живот, изјави Ѓоковиќ.

Ова за Ѓоковиќ е 22.трумф на Грен-слем турнирите и 93. победа на тениски турнир во неговата кариера.

По триумфот во Мелбурн, Ѓоковиќ од утре се враќа на првото место на АТП ранг-листата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ѓоковиќ против Синер за најголемата награда во…

Новак Ѓоковиќ и Јаник Синер вечерва ќе…

Ѓоковиќ: Едвај се спасив – ме давеше…

Најдобриот тенисер на планетата, Новак Ѓоковиќ, се…

Ѓоковиќ лесно до осминафиналето на Мастерсот во…

Првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ вечерва го…

Српскиот патријарх ги крстеше децата на Новак…

Фотографиите на социјалните мрежи ги објави протосингелот…

Надал: Федерер го достигна највисокото ниво, но…

Тони Надал беше составен дел од огромен…