Ѓоковиќ фуриозно ги започна Олимписките игри
Новак Ѓоковиќ имаше одлично отворање на Олимписките игри во Париз, српскиот тенисер без никаков проблем го совлада Метју Ебден од Австралија.
Ѓоковиќ за помалку од еден час го среди првиот противник на Олимписките игри. Ебден изгледаше тотално немоќно пред Србинот.
Првиот сет беше перфектен, Ѓоковиќ го доби со 6-0, во вториот загуби само еден гејм, беше 6-1.
Во второто коло Ѓоковиќ ќе игра со победникот од дуелот меѓу Надал и Фучович, меч кој се игра утре.
Сигурен настапи имаше и Карлос Алкараз кој во два сета го совлада Хабиб. Шпанскиот ас победи со 6-3 и 6-1.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Прегазен пешак на булевар во Скопје
МВР информира дека синоќа во 20:40 часот…
Муцунски за Ива Михаилова: Непристојно е земја…
Навистина е непристојно една земја членка на…
Ристовски за „Спорт фокус“: Инвестираме во спортската…
Министерот за спорт, Борко Ристовски, гостуваше во…
Гаши за гласањето во недела: Во Брвеница…
На вториот круг на локалните избори во…
Мицкоски: Јас сум за отворање рудник за…
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски на денешната…