Ѓоковиќ фуриозно до следната рунда на Вимблдон
Новак Ѓоковиќ имаше ново маестрално издание на Вимблдон и со 3-0 во сетови (6-0, 6-3 и 6-4) го совлада неговиот сонародник Миомир Кецмановиќ.
Новак Ѓоковиќ се пласираше во 4. коло на Вимблдон, Србинот за помалку од два часа славеше во пресметката со сонародникот Миомир Кецмановиќ. Популарниот Ноле имаше ново маестрално издание и првиот сет го доби со 6-0.
Вториот сет му припадна на Новак Ѓоковиќ со 6-3, додека Миомир Кецмановиќ најмногу отпор пружи во третиот сет, кога успеа да му земе еден сервис на противникот и да донесе малку возбуда, но немаше сили за поголемо изненадување.
Новак Ѓоковиќ во следното коло ќе игра против Тим ван Ријтховен, кој беше подобар од Басилашвили со 3-0 во сетови.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ИСТРАЖУВАЧ ПРЕДУПРЕДУВА: Ова би можело да биде…
Истражувачот во областа на вештачката интелигенција, Никола…
УЈП предаде возило со пристапна рампа за…
Во рамки на активностите по повод одбележувањето…
(Видео) Снегот нема да ги изненади екипите…
Првиот снег нема да ги изненади екипите…
Тошковски: Жал ми е што држава членка…
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вечерва…
ОДРЕДЕН 30-ДНЕВЕН ПРИТВОР ЗА ДРАГАН ВУЧИЌЕВИЌ: Главниот…
Судот во Белград му одреди притвор до…