Ѓоров: Прашањето за ветото за Македонија не треба да оди на референдум
Прашањето за повлекување на ветото за приклучување на Македонија во ЕУ не треба да оди на референдум, смета Андреј Ѓоров, раководител на пратеничката група на најголема партија во бугарскиот парламент „Продолжуваме со промената“ на премиерот Кирил Петков.
Како што пренесува дописикот на МИА од Софија, според Ѓоров, тргањето на ветото зависи од конкретни дејствија и гаранции од Европа и од Македонија.
Во изјава за БНР, тој вели дека ако има промена на таквата позиција на Бугарија, тогаш за неа ќе биде потребна заедничка одлука во парламентот, во владината коалиција, но и надвор од неа во рамките на Соевтодавниот совет за национална безбедност.
Бугарија многу јасно кажа дека нејзин национален интерес и интерес на ЕУ е Западен Балкан да се приклучи на европското семејство. Треба да направиме разлика помеѓу зборување за интеграција и работа за интеграција. Мислам дека тука разликата помеѓу претходната и сегашната влада е навистина голема. Во последните месеци се постигна многу за непредок во односите во споредба со претходните години, кога бевме во позиција на чекање, дури и во очекување процесот да пропадне, рече Ѓоров.
Тој уште еднаш повтори дека за ветото кон Скопје не треба да се решава на референдум.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Јотова победи кај Бугарите во Македонија
Сега веќе новата бугарска претседателка Илијана Јотова…
Над 56.000 Бугари гласале „за никого“ на…
Илијана Јотова оствари убедлива предност пред Андреј…
Јотова ја слави победата на претседателските избори…
Илијана Јотова по изборната победа им се…
Илијана Јотова и Кирил Волчев водат на…
Кандидатската двојка Илијана Јотова и Кирил Волчев…
Излезноста во Бугарија до 14 часот е…
Излезноста на претседателските избори во Бугарија до…