Објавено на:

Ѓорческа: Анисимова е комплетна тенисерка, ќе дадам се од себе!

t

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа испиша историја за македонскиот тенис откако успешно ги мина квалификациите и се пласираше на Вимблдон-најголемиот Грен-слем турнир во тенисот.

Ѓорческа немаше среќа во ждрепката и во првото коло ќе игра против американката Аманда Анисимова која лани играше во финалето на Вимблдон и е шеста на ВТА листата.

„Квалификациите поминаа одлично. Отсекогаш знаев и верував дека сум блиску, а треба и да се склопат коцките, за да биде совршено. Секој меч беше тежок, сите што учествуваат се меѓу 200. најдобри на светот во еден од најмасовните спортови и затоа нема лесен меч. Сепак, би го издвоила вториот (против Франциска Жорге). Последниот натпревар го одиграв одлично, загубив три гема и навистина сум среќна, пред сè со тоа како се носев за време на мечот. За Аманда Анисимова нема што многу да се каже, квалитетна и комплетна тенисерка, а мојата единствена цел е да го одиграм своето. Се надевам дека ќе биде интересен меч и гледајте и навивајте од дома“, рече Ѓорческа пред натпреварот со Анисимова.

Натпреварот меѓу Ѓорческа и Анисимова е закажан за утре од 13 часот по македонско време.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ