Објавено на:

Ѓорческа елиминирана во четвртфиналето во Оточец

t

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа загуби од Романката Ирина Бара во четвртфиналето на турнирот во Оточец со 0-2 во сетови, односно 5-7 и 6-0.

Ѓорческа направи брејк на стартот на натпреварот и ја презема контролата врз мечот, но првата носителка на турнирот се созема и го врати брејкот, а потоа со уште еден одземен гем на противнички сервис стигна до 7-5.

Романката беше расположена во вториот сет и не ѝ дозволи на Ѓорческа да освои ниту еден гем, па со убедливи 6-0 го потврди својот пласман во полуфинале на турнирот.

Ѓорческа ја чека настап и во двојки, каде што заедно со Деа Херџелаш ќе се бори против Мариан Дражиќ и Емили Вебли-Смит за пласман во финале на турнирот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ги тепале, ги давеле, им се потсмевале:…

Случајот со смртта на 32-годишниот поранешен атлетичар…

ММФ: Вештачката интелигенција го поттикнува растот, но…

Инвестициите во инфраструктура за вештачка интелигенција помагаат…

Трамп: Антисемитизмот во САД во моментов е…

Американскиот претседател, Доналд Трамп, изрази загриженост за…

Нови правила за јавните набавки: Ќе се…

Нови правила за избор на најповолни понуди,…

Како на слава: ЕУ го договорија тимот…

Германија, Франција, Велика Британија, Италија и Полска,…